Top Sport

Жерар Пике се одјави од Шпанија, „го најавија“ во Каталонија (фото)

Еден од најдобрите дефанзивци во светот, шпанецот Жерар Пике (31) и рече збогум на фудбалската репрезентација на Шпанија по настапот со „Фуријата“ на Мундијалот минатата година во Русија.

Пике ја напушти репрезентацијата оти подолго време е цел на навреди од навивачите на селекцијата затоа што упорно заговара отцепување од Шпанија на неговата матична Каталонија.

Тој одлучил поради својот мир да престане да се јавува на повикот на селекторот Луис Енрике, но интересно и понатаму повремено ќе настапува за селекцијата на Каталонија која има право да игра иако не е призната како држава, а нема ниту знак на ФИФА и УЕФА.

Селекторот на оваа репрезентација, Жерар Лопез за пријателскиот меч против селекцијата на Венецуела на 25 март во Џирона во составот го повика и Пике.

Покрај дефанзивецот кој е член на Барселона и кој досега за Каталонија настапил на 9 средби, повикан е и екс-фудбалерот на Барса, Чави Ернандес кој сега ги носи боите на Ал Сад.

Од попознатите фудбалски имиња кои се најдоа на списокот на Лопез е и Бојан Кркиќ (Стоук), Марк Бартра (Бетис), Мартин Монтоја (Брајтон), Алеш Видал (Севилја), Марк Мунијеса (Џирона), Виктор Санчес (Еспањол), Ориол Ромеу (Саутемптон) и најдобриот стрелец на Каталонија, Серхио Гарсија од Еспањол.

Каталонија досега има одиграно 46 меча, последниот во 2016 година против Тунис, заврши нерешено 3-3.

Scroll to Top