Top Sport

Жестока хулиганска тепачка пред мечот Раднички-Црвена звезда

Црвена звезда попладнево гостува во Крагуецац, кај Раднички. На мечот му претходи жестока пресметка на хулиганите во центарот на градот.

Јаки полициски сили тргнале да ги разделат навивачите групи, кои започнале да фрлаат разни предмети и запалени факели кон нив.

Полицијата сепак успеала да воспостави ред на улиците.

Навивачите на Црвена звезда и Раднички и во минатото предизвикувале слични инциденти.

Scroll to Top