Top Sport

Жестоко обраќање на разочараниот тренер на Тотенхем

Тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, вчера по поразот од Манчестер сити и изјави дека темелите на клубот што го предводи се „многу кревки“. Минатата година Антонио Конте мораше да го напушти Тотенхем поради слична, но многу пожестока изјава.

На Тотенхем му беше потребна победа против Сити за да ги задржи шансите за настап во Лигата на шампионите следната сезона. Поразот ја одзеде таа шанса, а Постекоглу беше разочаран и од навивачите на клубот бидејќи во еден момент некои од нив навиваа за Сити, се со цел омразениот ривал Арсенал да остане без шанси во борбата за шампионската титула.

„Темелите се многу кревки. Во тоа се уверив во последните два дена. Внатре во клубот и надвор од него, насекаде. Така го гледам тоа. Се разбира, атмосферата на стадионот влијае на играчите. Јас тука ништо не можам да направам“, рече Постекоглу.

Постекоглу во текот на натпреварот имаше конферзација со навивач на Тотенхем кој гласмо навивал за Сити.

„На чија страна си? Сега знам кој си, го покажа своето вистинско лице”, луто му се обрати менаџерот на навивачот.

Да потсетиме, минатата година, откако примија два гола против Саутемптон во последните минути, што беше повод за отказот, Антонио Конте ги нападна играчите, а индиректно и клупската политика.

Претходно и Жозе Мурињо, но во поблага форма го критикуваше клубот.

Scroll to Top