Манчестер сити со пресврт успеаја да го победата Реал во Мадрид, во првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите. Реваншот Сити ќе го започнат со предност 2:1.
Многу реакции, особено во шпанската јавност предизвика голот со кој Габриел Жасус го израмни резултатот.
Шпанците го критикуваат судијата Даниеле Орсато дека не досудил фаул, односно тврдат дека Жесус во скокот најпрвин го оттурнал Серхио Рамос, остварил добра позиција и потоа го совладал Куртоа.
„Фудбалот е контактен спорт, но немаше никакво туркање…Речиси и да не го допрев, дефинитивно не беше фаул“, изјавил по натпреварот Бразилецот за „Мовистар“.