Поранешното крило на Тотенхем, Давид Жинола вели дека првата ѕвезда на сегашниот тим на Спарси, Хери Кејн не е способен да ги прави работите кои Лионел Меси или Кристијано Роналдо ги прават.
Кејн е поврзуван со можен трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ каде што би бил партнер на Роналдо, а честопати е споредуван со првите ѕвезди на модерниот фудбал, Роналдо и Меси, но Французинот Жинола вели дека овие споредби не носат ништо добро.
„Главниот проблем со Хери Кејн е тоа што кога не е запишан во листата на стрелци, неговото влијание на играта со неговиот тим не е толку релевантно како претходно. Ако не даде гол, тој не вреди многу во тимот. Не можете да го поставите Кејн на исто ниво со Меси или Роналдо, тоа е неверојатно“, вели Жинола.
Според него, има различни работи кои ја утврдуваат „тежината“ на фудбалерот.
„ Талентот е едно нешто, но има талент за давање голови и талент за правење работи со фудбалската топка. Ако го земете Марадона, Роналдињо… Тоа беа фудбалерите со најмногу талент, можеа да прават работи со фудбалот за кои другите можат да сонуваат. Хери Кејн не е способен да прави такви работи како Меси и Роналдо, тоа е јасно“, додава Французинот.
Фото: ЕПА