Поранешниот француски голгетер, Давид Жинола ужива во доцното лето во Лондон, со својата мала ќеркичка и со 28-годишната девојка Маева Дента.
51-годишниот поранешен фудбалер на Њукасл и Тотенхем пред две години имаше срцев напад по кој животот му беше во опасност, само неколку месеци по распадот на неговиот брак, кога лекарите утврдија дека тој бил клинички мртов осум минути.
Жинола колабираше на добротворен фудбалски меч по срцевиот напад, но само месец дена подоцна се разведе со сопругата Коралин и ја почна врската со Маева. Тие добија ќеркичка во февруари.