Top Sport

Жиру: Бог ми помогна да го изберам Милан пред Интер

Францускиот напаѓач Оливие Жиру откри дека Андриј Шевченко му ја разгорел љубовта кон Милан и додава дека „Бог му помогнал“ да ги избере „росонерите“ наместо Интер пред пресметката во полуфиналето на Лигата на шампиони.

36-годишниот Жиру има 13 гола во 41 настап оваа сезона и го продолжи договорот со Милан до јуни 2024, откако помогна да се освои првото скудето по цела деценија, а потоа го постигна одлучувачкиот гол против Наполи за пласман во полуфиналето на ЛШ.

„Кога потпишав со Милан, тоа беше можност за нов предизвик. Беше шанса да се кренам, бидејќи на крајот во Челси немав многу голема минутажа. Можев да заминам во Интер во 2020, но наместо тоа Бог сакаше да го изберам овој пат, патот на Милан. Презадоволен сум. Не беше реално да освоиме скудето по цена деценија и да се вратиме во полуфинале на ЛШ по 16 години пауза. Како тинејџер го следев Милан на крајот на 1990-тите. Еден играч, ме натера да го засакам Милан – Андриј Шевченко. Го имитирав на тренинзи, дури начинот на кој трча, неговата елеганцја на тревата. Тој беше еден од најдобрите напаѓачи, најкомплетни играчи кои сум ги видел“, вели Жиру.

Scroll to Top