Фудбалскиот клуб Интер покажува интерес за францускиот напаѓач од Челси Оливие Жиру. Интересот за Жиру го услови повредата на Алексис Санчез, кој од тимот ќе отсуствува најмалку три месеци.
Жиру ретко игра за Челси иако е во добра форма. На последните два натпревари на Франција, против Исланд и Турција, тој постигна по еден гол. Сепак формата во која се наоѓа младиот Тами Ејбрахам му ја затвори врата на првиот тим на искусниот напаѓач.
Антонио Конте имал можност во Челси да работи со 33 годишниот Жиру и добро му се познати неговите квалитети. Поради повредата на Алексис Санчез Интер о јануари ќе се обидат да го купат Французинот.
Неговиот договор со Челси важи до крајот на сезоната, што значи дека можат да заработат некое евро доколку го продадат Жиру во јануарскиот преоден рок.