Top Sport

Жиру голман на колото во Серија А

Оливие Жиру, викендов, дебитираше на голот на Милан. Напаѓачот стана голман откако Мајк Мењан во судиското надополнување доби црвен картон. Жиру со една интервенција успеа да ја одбрани победата на Милан во Џенова (1:0).

Звучи неверојатно, но Жиру е избран за најдобар голман на колото во Серија А.

Покрај него, во идеалниот тим се играчите на Рома: Спинацола, Паредес и Лукаку, триото на Фросиноне: Монтериси, Рајние и Соуле, односно Кастеланос и Весино од Лацио, Гати од Јувентус и Бонавентура од Фиорентина.

За Жиру, натпреварот против Џенова беше седми во Серија А. Има четири гола, три асистенции и една „clean sheet“.

Scroll to Top