Top Sport

Жиру и Варан на забава со Кјер и данските фудбалери по поразот од 2:0

Данскиот весник „БТ“, тврди дека група на француски фудбалери, предводени од Оливие Жиру и Рафаел Варан биле на забава со Симон Кјер и данските репрезентативци по 2:0 поразот во Лигата на нации, предизвикувајќи бес кај дел од француските навивачи.

Франција, како актуелен шампион во Лигата на нации, избегна испаѓање во Лига Б, но беа далеку од пласман на завршниот турнир откако двапати беа поразени од Данците.

Според данските медиуми, тие го посетиле клубот „Мусео“, кој се покажа како популарен кај фудбалерите, откако таму престојувал и Лука Модриќ кога Хрватска играше со Данска.

Scroll to Top