Ветеранот на Милан, Оливие Жиру вели дека „росонерите“ не ги кријат своите амбиции за титула во Италија во Лигата на шампионите по засилувањата кои ги донесоа ова лето и импресивниот старт на сезоната. Жиру постигна два гола од пенал вчера при 4:1 победата над Торино на „Сан Сиро“.
„Имав среќа со два пенали, но никогаш не е лесно да се смести топка во мрежата. Можевме да дадеме уште голови. Амбицијата е да го повториме тоа што го направивме пред две години! Се надевам дека ќе продолжиме да се бориме со ист дух за скудетото. Не сакаме да се криеме, има пет-шест клуба кои го можат тоа, но ова е само почеток на сезоната. Сега имаме повеќе квалитет и квантитет во тимот, така што сметам дека можеме да се бориме и за Серија А и за Лигата на шампиони. Имаме две-три опции за секоја позиција и мораме да го кренеме нивото“, вели 37-годишниот Французин.