Top Sport

Жиру признава: Сакав да им „вратам“ на Арсенал

Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру вели дека бил посветен да покаже на Арсенал дека згрешиле што дозволиле да замине кога постигна гол за да помогне „сините“ да ги победат „топчиите“ во финалето на Лига Европа во Баку.

Арсенал дозволија Жиру да замине во јануари 2018 година, по што тој го освои ФА купот во првата сезона со Челси, пред следната сезона да победи во Баку, каде што со 4:0 го „уништија“ неговиот поранешен клуб.

„Финалето против Арсенал беше навистина посебно за мене, навистина емотивно. Кога дознав дека ќе играме со Арсенал во финалето, знаев дека ќе биде нешто посебно. Имав уште пријатели таму и за таков меч се подготвувате сосема поинаку отколку за обичен меч. Имав и дополнителна мотивација бидејќи сакав да покажам дека уште не сум потрошен и имам добри години во мене. Постигнав гол, имав асистенција и на мене беше досуден пенал, така што би кажал дека добро поминавме“, вели Жиру.

Scroll to Top