Ветеранот на Милан, Оливие Жиру открива дека имал голема љубов кон италијанските дефанзивци како Фабио Канаваро и Алесандро Неста кога почнувал со својата фудбалска кариера, иако на крајот неговата улога ќе биде на другата страна на теренот.
Ова не е првпат Жиру да зборува за љубовта кон Италија и посебно кон Милан, откако претходно откри дека неговите две баби биле Италијанки.
„Имав 20 години и ја пуштив косата долга бидејќи сакав да бидам како Канаваро или Неста. Мојот брат ми даде италијански дрес, од тесниот на ‘Капа’ со магично сина боја. Бидејќи Франција не беше таму на Светското првенство во 1994 година навивав за Италија и плачев кога Роберто Баџо го утна пеналот во финалето. Но, во 2006, кога игравме со Италија во финалето, бев само за Франција“, вели Жиру во интервју за „Л’Екип“.