Top Sport

Жиру се сели од Челси, не и од Лондон?

Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо во финишот на преодниот рок се обидува да најде замена за повредениот Хари Кејн. Една од опциите е Тотенхем да се засилат со напаѓачот на Челси Оливие Жиру (33).

„Скај Спорт“ тврди дека на адреса на Челси пристигнала понуда од „Вајт Харт Лејн“ за францускиот репрезентативец, кој сезонава речиси и не игра кај тренерот Френк Лампард.

Според истиот извор Челси размислувале да ли да ја прифатат понудата, бидејќи Тотенхем им е директен конкурент во борбата за четвртата позиција. Наводно Тотенхем на Жиру му понудиле договор до јуни 2021 година.

На почетокот на зимскиот преоден рок Жиру се поврзуваше со трансфер во Интер, меѓутоа тој самиот се откажал од преселбата на „Џузепе Меаца“ бидејќи не бил сигурен дека ќе избори место во тимот покрај Лаутаро Мартинез, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез кој се враќа во тимот по повредата.

Доколку на крајот Жиру заврши во Тотенхем тој ќе биде вториот играч во историјата, по Вилијам Галас, кој играл за трите најголеми клубови од Лондон. Жиру кариерата во Премиер лигата ја започна во Арсенал, а од јануари 2018 година е играч на Челси.

Scroll to Top