Top Sport

Жиру вели дека е горд што се враќа на „Стемфорд Бриџ“ со Милан

Оливие Жиру ги сопре своите соиграчи од Милан на „Стемфорд Бриџ“ за да им каже колку е среќен што се врати во западен Лондон како фудбалер на италијанскиот шампион. Ова е прво враќање на францускиот ветеран на овој стадион по заминувањето од Челси во Милан во 2021 година.

„Им кажав на соиграчите дека излегуваме на терен на кој ќе се чувствувам гордо да излезам со големиот Милан да играм во Лигата на шампиони, да ги штитам нашите бои. Ќе има атмосфера достојна за меч од Лигата на шампионите, бидејќи Челси играле големи мечеви и добивале големи мечеви. Теренот за игра тука е прекрасен и очекувам супер натпревар“, вели Жиру.

36-годишниот Жиру беше еден од клучните играчи на Челси при триумфот во Лига Европа во 2019 година и Лигата на шампиони во 2021 година. Минатата сезона, пак, тој беше „џокер“ на Стефано Пиоли при освојувањето на скудетото.

„Се надевам на добар прием, бидејќи поминав тука убави три и пол години и си заминав без проблеми. Ги знам момците, со многу од нив играв, но сега имаат друг тренер и не знам како ќе играат“, додава Французинот.

Scroll to Top