Оливие Жиру вели дека има огромна желба да помогне на младите фубалери на Милан, но во исто време посочи дека има огромна почит кон Златан Ибрахимовиќ.
35-годишниот Французин пристигна од Челси минатото лето и се покажа како еден од најдобрите фудбалери на „росонерите“ со 8 гола во 22 настапи во Серија А, вклучувајќи клучни голови во дерби-мечевите со Интер и Наполи.
„Бидејќи сме први на табелата, во тимот има голема смиреност и самоувереност. Кога резултатите се добри, сите работи се полесни. Веднаш ми помогнаа да се вклопам тие кои зборуват француски, но немав проблем со адаптацијата. Ние сме тим со многу млади таленти и има одлична соработка. Тука сум да бидам брат на помлаие фудбалери, некој на кој ќе можат да сметат. Момците како Ибрахимовиќ и другите поискусни фудбалери придонесуваат за атмосферата. Златан е неверојатен. Неговата кариера, неговата постојаност и способност да игра на високо ниво е нешто што ретко се случува. Има 40 години, а јас не знам дали колената ќе ме држат за пет години“, вели Жиру.