Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино е комплетно опуштен пред клучниот дуел од Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен во среда навечер, откако се пофали со фотографија со неговата сопруга Лариса Переира пред нивниот луксузен дом и „Ролс Ројс Фантом“, со цена од 350.000 фунти.
Преку Инстаграм профилот на Переира, Фирмино се качи на хаубата на скапиот автомобил, а сопругата е пред него.
Ова не е првпат Фирмино да се пофали со своите луксузни автомобили, со Порше и со теренско возило во последните неколку месеци. Фирмино и Переира имаат две ќерки и се заедно четири години.