Bосанскиот стратег Младен Жижовиќ e промовиран во нов тренер на Шкупи. Тој ќе го наследи Чихат Арслан кој замина од клубот поради семејни причини.
Младен Жижовиќ (42) е босански тренер кој во кариерата ги водеше Зрињски и Слобода Тузла, а до неодамна беше на клупата на саудискиот второлигаш Ал Колод.
„Голема чест и обврска е да се биде на клупата на Шкупи. Добро сум запознат со историјата, педигрето и амбициите на клубот. Се нсдевам дека со добра работа ќе успееме да ги исполниме целите на клубот”, изјави Младен Жижовиќ за клупскиот сајт на Шкупи.