Португалскиот репрезентативец од Атлетико Мадрид Жоао Феликс ја освои наградата „Златен дечко“. Оваа награда за најдобар млад играч во светот традиционално ја доделува „Тутоспорт“.
Жоао Феликс во изборот добил 332 поени и победил пред Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд (175 поени) и Каи Хаверц од Баер Леверкузен (75 поени).
„Ви благодарам на сите за оваа награда, горд сум што ја добив. Ова е втор пат играч на Атлетико да ја добие оваа наградата (2007 ја добил Серхио Агуеро), среќен сум. Многу сум им благодарен и на сите во Бенфика, особено на тренерот Бруно Лаге за се што направи за мене и моето семејство“, рекол во своето видео обраќање Жоао Феликс.
Во гласањето учестввале 40 европски новинари, а 25 од нив го ставиле Феликс на првото место.
Наградата „Златен дечко“ се доделува од 2003 година а досегашни лауреати биле Рафаел ван дер Варт, Вејн Руни, Лионел Меси, Сеск Фабрегас, Серхио Агуеро, Андерсон, Алесандре Пато, Марио Балотели, Марио Геце, Иско, Пол Погна, Рахим Стерлинг, Ентони Марсијал, ренато Санчез, Килијан Мбапе и Матијас Де Лихт.