Жоао Феликс повторно тренира со соиграчите, откако десет дена беше во карантин поради коронавирусот. Најскапиот играч во историјата на Атлетико Мадрид, ги пропушти мечевите со Селта и Гранада во Ла Лига.
Атлетико утре ќе игра против Леванте, во одложениот натпревар од првото коло. Прогнозите се дека Феликс ќе биде во тимот, но дека нема да игра. Важно за Атлетико е што тој ќе биде подготвен за пресметката со Челси во Лигата на шампионите.
Атлетико е тимот што имаше најмногу проблеми со коронавирусот од екипите во Ла Лига. Досега 13 фудбалери и тренерот Диего Симеоне беа заразени. Надвор од тимот поради вирусот се уште се Тома Лемар, Ектор Ерера и Муса Дембеле.