Top Sport

Жоао Феликс: Мојот помал брат можеби е подобар од мене

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс вели дека неговиот 16-годишен брат Хуго е подобар фудбалер од него и може да направи поголема кариера.

Хуго е дел од младинскиот тим на Бенфика, клубот со кој Жоао Феликс ја освои Примеира во 2018/19, пред да замине за Атлетико за 126 милиони евра минатиот јули. 20-годишниот португалски репрезентативец смета дека неговиот помлад брат има сили да биде во првиот тим и да направи можеби поуспешна кариера од него.

„Ако ги слуша тие кои сакаат да му помогнат, ќе биде успешен. Прави работи кои јас не можев да ги правам на негова возраст. Има квалитети да биде во првиот тим и работи напорно. Двајцата сакаме да даваме голови, а тој е подобар од мене во слободните удари, и играме на исти позиции. Сите велат дека во фудбалот треба да играш едноставно, но ние сакаме да правиме нешто поинаку, нешто што ја возбудува публиката“, вели Феликс.

Scroll to Top