Top Sport

Жоао Феликс: Тој е Кристијано, јас сум Жоао Феликс

Атлетико Мадрид официјално го презентираа својот фудбалер со бројот 7, Жоао Феликс, и младиот Португалец, кој дојде од Бенфика за фантастични 126 милиони евра, вели дека не сака да го споредуваат со „најголемиот“ Кристијано Роналдо.

„Јас сум тука да си ја напишам сопствената историја. Сакам да бидам запаметен како Жоао Феликс. Тој е Кристијано Роналдо, а јас сум Жоао Феликс. Тој е најдобриот фудбалер на светот. Ми кажа многу за Мадрид, град кој го сака многу“, вели Феликс.

На стартот на понеделничките тренинзи на Атлетико очекувано отсуствуваше Антоан Гризман, а Феликс ќе го преземе неговиот број и треба да ја преземе неговата улога на теренот, но не размислува за тоа.

„Не се оптоварувам со таков притисок. Понекогаш слушам добри работи, понекогаш не, но мојата работа е јасна, да му помогнам на тимот. Би сакал во Лигата на шампионите да се сретнеме со Бенфика против моите соиграчи. Морам да бидам благодарен на Бенфика и тоа што ме научија. Секогаш ќе бидам навивач на тој тим“, вели Феликс.

Scroll to Top