Top Sport

Жорге Жесус: Бернардо Силва е неблагодарен човек

Тренерот на Бенфика, Жорге Жесус го опиша својот португалски сонародник, фудбалерот на Манчестер сити, Бернардо Силва како „неблагодарен човек, нешто најлошо што можете да бидете“, откако тој изјави дека Бенфика мора да добие нов претседател.

Пред изборите во португалската фудбалска институција оваа недела, Силва со долга декларација на социјалните медиуми го пофали актуелниот претседател Луис Филипе Виеира, но посочи дека на клубот му недостасува амбиција. Силва беше дел од младинската академија на клубот од својата осма година, но имаше само три настапи за сениорскиот тим, пред да замине во Монако, па во Манчестер сити.

Токму Жесус му ја даде првата шанса на Силва и 66-годишниот тренер вели дека не може да остане тивок.

„Многу години воопшто не зборував за Бернардо Силва, бидејќи и мене ми правеше проблеми многу години. Сега, нему проблему му е претседателот на клубот кој му даде шанса да стане фудбалер, му даде одлични услови. Тоа е навистина неблагодарно. Има многу маани кои може да ги има човек, но најлошо е да си неблагодарен. Можеш да имаш различни мислења, но не и да бидеш неблагодарен“, вели Жесус.

Scroll to Top