Top Sport

Жоржињо искрен за „Златната топка“: Ако јас не гласам за мене, кој ќе гласа

Ѕвездата на Челси и на италијанската репрезентација, Жоржињо, е еден од фаворитите за „Златната топка“ и признава дека би гласал за самиот себе доколку има шанса за да добие барем еден глас за престижната награда.

Жоржињо со Челси ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА, додека со Италија стана европски шампион, и вели дека освен гласот за себе, смета дека Кевин де Брујне од Манчестер сити заслужува глас, иако фаворити се Лионел Меси и Роберт Левандовски на церемонијата во Париз на 29 ноември.

„Ако јас не гласам за мене, кој ќе гласа? Сакам да имам барем еден глас. Се шегувам! Верувам дека би гласал за Кевин де Брујне поради тоа што го прави и прекрасниот фудбал кој го покажува последните години. Тие кои го сакаат фудбалот, знаат да ценат и да го гледаат како игра. Тој го разбира фудбалот, има натпросечна фудбалска интелигенција“, вели Жоржињо за „ЕСПН“.

Scroll to Top