Top Sport

Жоржињо ја критикува ПЛ – вратија старо правило за замените

Фудбалерот на Челси – Италијанецот Жоржињо смета дека е лид потегот на Премиерлигата да го врати правилото со 3 замени наместо актуелното, со 5 замени на еден фудбалски меч.

Во 2020 година ова правило се воведе затоа што фудбал не се играше со месеци поради корона-пандемијата, па подоцна распоредот беше згуснат и на тој начин се чинеше се да се заштити здравјето на фудбалерите.

И додека ова правило остана на сила во повеќето европски лиги, англиската Премиерлига одлучи да го врати старото правило.

„Многу е тешко затоа што немаме време за одмор. Играме на секој 3 дена, а имаме право на само 3 замени. Ми се чини лудо што се укинува правилото со 5 замени. Треба да се направи нешто по тоа прашање затоа што ако продолжиме вака, ќе има многу повредени фудбалери. Исто така, би може да се намали квалитетот на натпреварите, а тоа не е добро за публиката“ изјави Жоржињо за „beIN Sports“.

Scroll to Top