Top Sport

Жоржињо ќе биде вториот „Не-Италијанец“ со капитенската лента кај „Аѕурите“

Ѕвездата на Челси и најдобар фудбалер во 2020/21 според УЕФА, Жоржињо вечерва ќе ја носи капитенската лента на италијанската репрезентација на мечот против Литванија, станувајќи само вториот капитен кој не е по потекло од Италија кој бил прв човек на „аѕурите“.

Во тимот на Роберто Манчини отсуствуваат повеќе ветерани поради повреди и на „Мапеи“ во Реџо-Емилија, Жоржињо ја доби честа да биде капитен и покрај тоа што пред осум дена утна пенал при 0:0 ремито со Швајцарија.

Ова ќе биде 38. настап за Италија на 29-годишниот Жоржињо, кој е роден во Бразил и се пресели во Италија на 15-годишна возраст.

Другиот „Не-Италијанец“ со капитенската лента беше Мигуел Анхел Монтуори, кој двапати беше капитен на Италија во 1959 и 1960. Монтуори беше роден во Аргентина, но поголемиот дел од кариерата од 1955 до 1961 година го помина во Фиорентина, пред да добие сериозна повреда на главата. Тој имаше 12 настапи за Италија.

Scroll to Top