Top Sport

Жоржињо: Лампард, едноставно, не беше дораснат за работата

Жоржињо признава дека не бил импресиониран од работата на Френк Лампард во 18-те месеци кои легендата на Челси ги помина како менаџер на тимот на од „Стемфорд бриџ“, оценувајќи дека едноставно не бил дораснат за работата.

Лампард доби шанса во текот на летото 2019 година по само една година искуство во второлигашот Дерби каунти и по одличниот старт, имаше криза пред да биде отпуштен во јануари и заменет со Томас Тухел, кој успеа да ги „крене“ Челси во позиција која води во Лигата на шампионите.

„Видете, ќе бидам искрен за Лампард. Верувам дека бидејќи е легенда на клубот, прескокна неколку потребни чекори за учење пред да дојде во голем клуб. Пристигна во клуб во кој е легенда без да има искуство во други клубови. Мислам дека беше прерано за него и дека не беше подготвен и дораснат за работа на вакво ниво“, вели Жоржињо за „ЕСПН“.

Scroll to Top