Ѕвездата на Ливерпул, Диого Жота е сигурен дека неговиот тим може да ја надмине разликата од 9 поени од лидерите Манчестер сити во 2022 година, повикувајќи ги своите соиграчи да почнат со победа на „Стемфорд Бриџ“ над Челси во недела.
Жота, кој има постигнато 7 гола во последните 9 меча за „црвените“, треба да го понесе тимот по овој викенд, кога Мохамед Салах и Садио Мане ќе отпатуваат за Африканскиот куп на нации, и сигурен е дека не се работи за непремостлива пречка.
„Знаеме дека има разлика, но знаеме дека можеме да ја надминеме таа разлика и тоа е планот. Не смееме да дозволиме нов меч како против Лестер (загубија со 1:0 н.з.), бидејќи секој поен е драгоцен. Знаеме дека гостуваме кај Челси, одигравме реми дома со нив и нема да биде лесно. Сакаме да ја почнеме годината со сигурност и со победа на гости“, вели Жота.