Фудбалскиот клуб Спортинг од Лисабон планирал да го смени името на стадионот „Жозе Алвеладе“.
Овој стадион е изграден во 2003 година за потребите на Европското првенство што се одржа во Португалија една година подоцна. Стадионот го доби името по основачот и привиот член на клубот од португалската престолнина.
Португалските медиуми тврдат дека кога Кристијано Роналдо ќе замине в пензија, дека домот на „лавовите“ од Лисабон ќе го носи неговото име.
„Горди сме што е неговото име поврзано со нас. Кристијано секогаш бил еден од најголемите симболи на нашиот клуб. Ги чуваме неговите вредности на ѕидовите на фудбалската академија. Роналдо сигурно е најдобриот португалски играч на сите времиња и еден од најдобрите во историјата“, рекол претседателот на Спортинг, Федерико Фернандес.