Top Sport

Жозе го донесе првото засилување во Рома – таму каде што се „најтенки“!

Сега и официјално Жозе Мурињо го доби првото засилување во Рома откако е назначен за тренер на клубот.

На „Олимпико“ доаѓа искусниот португалски голман Руи Патрисио кој за 11 милиони евра прави трансфер од премиерлигашот Вувверхемптон.

Останува само чуварот на мрежата да ги одработи задолжителните лекарски прегледи и да стави потпис на договорот со „волчицата“.
Патрисио минатите три сезони ги мина во Премиерлигата, а претходно 12 години го носеше дресот на Спортинг Лисабон.

Информациите се дека следен за потпис во Рома е играчот од средниот ред на Арсенал – Гранит Џака.

Scroll to Top