Top Sport

Жулио Цезар ја заврши кариерата

Славниот бразилски голман Жулио Цезар (38) ја заврши својата кариера на „маракана“ стадионот во Рио де Жанеиро.

Жулио Цезар последниот меч во кариерата тој го одигра во дресот на Фламенго, тим во кој пред две децении ја започна успешната кариера. Неговиот тим успеа да слави над Атлетико Минеиро.

Цезар е дел од најуспешната генерација во историјата на калчолигашот Интер. Со Интер во 2010 година ја освои тројната круна. Со Интер освои вкупно пет титули во Серија А, а го подигна и пехарот на Светското клупско првенство.

Со репрезентацијата на Бразил триумфира на Копа Америка во 2004, но немаше можност да триумфира на Светското првенство во 2014 година. Цезар бранеше во полу-финалето против Германија, кога Бразил го доживеа најтешкиот пораз во својата историја (1:7).

Индивидуално, два пати бил прогласен за најдобар голман во Серија А.

Scroll to Top