Поранешниот бразилски голман Жулио Цезар открива дека Жозе Мурињо навистина не го сакал легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас, велејќи му дека тој одбранува повеќе со една рака, отколку Шпанецот со две.
Мурињо работеше со двајцата голмани, со Цезар во Интер и со Касилјас во Реал. Односите со Касилјас беа посебни откако го постави на клупата на „Бернабеу“, а сега Бразилецот открива што се случило по Купот на конфедерации во 2013 година.
Тогаш, Жулио Цезар му оддаде почит на Касилјас со носење на неговиот дрес додека го примаше трофејот за најдобар голман на турнирот, за да добие СМС-порака од Мурињо (кој уште беше тренер на Реал).
„Кога дојдов во соблекувалната видов дека имам порака од Жозе на телефонот. Пораката беше: ‘Ти си луд. Тој треба да го носи твојот дрес! Ти браниш повеќе со една рака отколку тој со две’. Јас му дадов неколку совети на Икер како да се однесува со Мурињо, да ја држи главата горе, бидејќи Мурињо понекогаш е тежок. Мурињо сака да оди лице-во-лице со фудбалерите кои се сметаат ѕвезди во тимот“, открива Цезар.