Top Sport

Жулио Цезар се врати во Фламенго

Поранешниот голман на Интер, Жулио Цезар имаше емотивно враќање во својот клуб од детството Фламенго.

38-годишниот ветеран, кој ја освои титулата од ЛШ со Интер во 2010 и беше голман на репрезентацијата на СП во 2010 и 2014 година, играше во Фламенго до пред 13 години кога дојде во италијанскиот Киево.

Во 2014 година тој играше во Квинс парк ренџерс, а кога клубот испадна од Премиер лигата се пресели во Торонто во Канада. Последен клуб му беше португалскиот гигант Бенфика, пред да се договори за враќање дома.

Scroll to Top