Фудбалскиот клуб Бенфика спогодбено го раскина договорот со голманот Жулио Сезар. Клубот објави видео во кое 38-годишниот голман се простува со соиграчите.
„Моето патување завршува тука“, рекол Сезар, без да посочи дали и каде ќе ја продолжи кариерата.
Бразилецот во претходните три и пол сезони настапуваше за Бенфика, но неодамна го загуби местото во стартниот составо од тинејџерот Миле Свилар.
Неговиот договор со бенфика истекуваше по завршувањето на оваа сезона.
Thank you, @ojuliocesar_12. #EPluribusUnum pic.twitter.com/VpOlZWSZjr
— SL Benfica EN (@slbenfica_en) November 28, 2017
Жулио Сезар е член на шампионската генерација на Интер, која под палка на Жозе Мурињо во 2010 ја освои тројната круна.
Учесник е на три светски првенства (2006, 2010, 2014), а со Бразил два пати победил на Купот на Конфедерации (2009, 2013) и еднаш на Копа Америка (2004).