Македонскиот интернационалец Леонард Жута го постигна последниот четврти гол за шампионот Риека за 4:0 победа над Истра 1961 во „кварнерското“ дерби во Хрватската лига.
Жута својот погодок го постигна во 88. минута, за да помогне Риека да стигне до третата победа во низа во ХНЛ и да го помине Хајдук на второто место во лигата со идентични 38 поени, но подобра гол-разлика, иако сплиќани го немаат одиграно натпреварот од 21. коло.