Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан побара Еден Азар да ја покаже својата сила и своите квалитети во саботното дерби против Атлетико Мадрид, оценувајќи дека тој може да биде човекот кој ќе го одлучи дербито на престолнината.
Азар, кој дојде во Мадрид со петгодишен договор од Челси во јуни, ги пропушти првите три натпревари од сезоната поради повреда на бутниот мускул, по што имаше три настапи за „кралевите“, но Зидан е сигурен дека вистинското ќе го видиме.
„Знаеме каков калибар на фудбалер имаме. Тој ќе го покаже тоа во клучните моменти. Секако, сите очекуваат многу повеќе од него и тој е свесен. Сите сме зад него и тој е со нас. Мораме да одиме меч по меч, бидејќи тој ќе биде фудбалер на кој ќе сакате да се потпрете во клучните мечеви“, изјави Зидан, кој го одмори Азар при 2:0 победата над Осасуна во среда.
Во претходниот дуел на двата тима, како дел од летните подготовки, Реал загуби со неверојатни 7:3 од Атлетико, но Зидан вели дека се работи за сосема поинаков меч.
„Тоа нема врска со овој меч. Не ги разгледувавме снимките од тој меч. Ние сме во добра форма и сигурни сме дека и тие се. Мечот ќе биде добар, но нас не интересираат само трите поени“, вели Зидан.