Во пресрет на најголемото шпанско дерби, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан рекол дека не е воопшто загрижен од политичката ситуација во Каталонија. Утре од 20 часот Барселона и Реал ќе го одиграат одложениот натпревар од 10 коло.
„Добри сме веќе извесен период на сите нивоа и емотивно и физички“, изјавил францускиот тренер.
„Ел Класико“ на програмата беше во октомври, но се одложи поради нестабилната политичка ситуација во Каталонија. Во Барселона се најавени протести и за утре, поради што за да бидат избегнати потенцијални инциденти играчите на двата тима заедно, во ист автобус, ќе пристигнат на стадионот.
„Такви се правилата. Решиле заедно да одиме на стадионот и тоа ќе го направиме. Повеќе не сакам да се занимавам со тоа. Најважно е натпреварот да се одигра“.
Во пресрет на „Ел Класико“ двата тима викендов одиграа нерешено. Барса против Реал Сосиедад во Сан Себастијан одигра 2:2, а Реал во Валенсија во 95 минута се спасија од пораз, мечот заврши 1:1.
На табелата Барселона и Реал имаат по 35 бода.
„Мораме да го пружиме максимумот, но кога ќе размислите ове се работи само за еден фудбалски меч. Знаеме против кого играме. Барса го има Меси, но и ние имаме свои адути. Ќе играме 11 на 11“, заклучил Зидан.