Top Sport

Зидан: Една или две бомби за крај на преодниот рок

Тренерот на Реал Мадрид, во пресрет на дуелот во Виљареал, во разговор со новинарите рекол дека би можел уште некој играч да пристигне во Реал до понеделник кога завршува преодниот рок.

Според медиумските шпекулации до крајот на преодниот рок во Реал би можел да пристигне Бруно Фернандеш од Спортинг или Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

„Се може да се случи до понеделник. Една бомба, две бомби…Сепак многу поважен за нас е утрешниот натпревар“, рекол Зидан и дополнил.

„На крајот тимот што го имам е квалитетен и горд сум на сите играчи. За мене тие се најдобри. Не е фер да се жалам“.

Реал утре од 21 часот ќе гостува кај Виљареал во дербито на третото коло во Ла Лига.

Scroll to Top