Реал Мадрид утре ќе го пречека тимот на Атлетик Билбао во рамките на 18 коло во Ла Лига.
На прес-конференцијата пред мечот тренерот на Реал Зинедин Зидан проговорил и дуелот со Манчестер сити во осмина-финалето во Лигата на шампионите, иако натпреварот се игра во февруари наредната година.
„Без сомение според мене Пеп е најдобриот тренер во светот. Ќе биде поседбно чувството кога ќе се сретнеме со нашите тимови по неколку сезони. Дека е најдобар покажал многу пати до сега. Каде и да работел освојувал трофеи“, рекол Зидан.