Работите одат одлично за Зинедин Зидан. Откако прво се врати на старото работно место тренер на Реал Мадрид, тој денеска ја прослави 25-годишнината од бракот со својата сопруга Зидан.
Зинедин и Вероник се сретнаа во далечната 1988 година, кога легендата на Јувентус и Реал Мадрид играше во Кан, и стапија во брак во 1994 година. Зидан и Вероник имаат четири сина – Енцо, Лука, Тео и Елјаз, и четворицата се решија да прават кариера во фудбалот. Енцо игра во средината на теренот за Рајо Мајадахонда, додека Лука е четврт голман во Реал Мадрид. Тео и Елјаз се во младинските категории на клубот од Мадрид.