Top Sport

Зидан има целосна поддршка во Реал Мадрид

Зинедин Зидан ја има апсолутната поддршка на бордот на Реал Мадрид и покрај шокантниот саботен пораз од Кадиз, бидејќи никој не се сомнева во неговата постојаност и сигурност на клупата на „кралевите“, јавува „АС“.

Претседателот Флорентино Перез и управата на клубот во ниту еден момент не помислиле на разделба со францускиот тренер, туку напротив, ја зацврстиле довербата откако во текот на летниот преоден рок клубот само продаваше, а тој не побара засилувања сфаќајќи ја ситуацијата поради корона вирусот.

Фудбалерите исто така застанале зад Зидан, слично како по поразот од Мајорка минатата сезона, и сега се подготвени да извлечат максимум во првиот меч од Лигата на шампионите и „Ел класико“ во сабота на „Ноу Камп“.

Зидан има договор со Реал до 2022 година.

Scroll to Top