Лука Зидан, син на тренерот на Реал Мадрид Зинедин, наводно решил да ја смени репрезентацијата. 21 годишниот голман кој ги минал сите младински селекции на Франција, бил заинтересиран да настапува за Алжир.
Поради своите корени, Лука Зидан, има право да настапува за репрезентацијата која минатата недела стана шампион на Африка. Семејството Зидан има потекло од Алжир и поради тоа Лука серизно размислувал да настапува за оваа репрезентација.
Оваа информација со големо внимание била проследена и во алжирските медиуми.
Лука Зидан се смета за еден од најперспективните голмани, иако не доби вистинска шанса во Реал да се докаже. Поради тоа реши да замине на позајмица во Расинг Сантандер.