Top Sport

Зидан: Каква кражба, некој е љубоморен на Реал

Зинедин Зидан луто одговори на тврдењата дека Реал Мадрид го „ограбил“ Јувентус во драматичното и контроверзно четврт-финале против Јувентус во средата навечер.

„Лос бланкос“ добија пенал во 93. минута, кој Кристијано Роналдо го реализираше по црвениот картон на Џиџи Буфон за намалување на резултатот на 1:3 и за пласман во полуфиналето со вкупни 4:3.

Оваа завршница предизвика огромно внимание со обвинувања дека судиите секогаш ги помагаат Реал Мадрид, на што Зидан луто одговори.

„Не ми е грижа ако луѓето зборуваат за пеналот. Но, лут сум на обвинувањата за кражба. На луѓето им пречат нашите успеси. Има многу луѓе кои се анти-Реал Мадрид. Но, тоа нема да ја смени историјата на најголемиот клуб на светот. Можат да кажуваат или пишуваат што сакаат. Ваква дебата не е нормална“, изјави невообичаено остро францускиот тренер.

Запрашан дали сите критики на Џорџо Кјелини, Џанлуиџи Буфон, Пеп Гвардиола и Артуро Видал се неважечки, Зидан вели дека има негативна опсесија.

„Секој нека си ја гледа својата работа, но не може да се зборува за грабеж. Постои негативна опсесија со Реал. Не можеме да бидеме најдобри по натпреварот со Јувентус и затоа мораме да ги ограбиме. Лудост“, вели Зидан.

Scroll to Top