Зинедин Зидан вети дека Реал Мадрид ќе се борат до крај против Атлетико Мадрид за титулата во Шпанија, откако Карим Бензема спаси 1:1 реми со градските ривали за да ја направи трката за титулата поинтересна, а во исто време не сакаше да зборува за тоа дека „кралевите“ биле оштетени за пенал. Резултатот ги остава „кралевите“ на пет поени од Атлетико (со натпревар повеќе).
„Целта е да се продолжи да се бори до крај. Знаеме дека има уште многу до крај и ќе одиме и ние дотаму. Работите може да се сменат. Можеме да бидеме и подобри и тоа е целта. Горд сум на моите фудбалери.
Фелипе играше во рака во второто полувреме, но Зидан одби да ги критикува судиите.
„Не сакам да се мешам во работата на судиите, и така нивната работа е тешка. Тој реши да ја погледне ситуацијата и да не досуди пенал и го почитуваме тоа. Знаеме дека е компликувано, но мора да го почитуваме“, вели Зидан.