Top Sport

Зидан ќе се собере со француските херои од 1998

Летото 2018 ќе се одбележат 20 години од најголемиот успех на француската фудбалска репрезентација, освојувањето на титулата на домашен терен во 1998 година и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе се собере со своите колеги во тимот „хероите од 1998“ за добротворен меч во март.

Во мечот ќе се одбележи неверојатниот успех на „триколорите“, кој дојде со тим полн со различни националности и раси. Од мечот во Лимож, сите средства ќе одат на сметките на две добротворни организации „Мерсене“ и„Децата на светот“.

Досега своето учество го потврдија и Робер Пирес, Лорен Блан и Алан Богосјан. Лимож има посебно значење за Зизу, кој во 2011 година таму ја доби дипломата за спортски менаџмент, а исто така и лиценцата за тренери на УЕФА додека беше шеф на Кастилја, пред да ја преземе улогата на главен тренер на „Лос бланкос“.

Scroll to Top