Top Sport

Зидан: Кристијано е прекрасен, но тој е фудбалер на Јувентус

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан не сакаше да биде вклучен во шпекулациите околу можниот камбек на Кристијано Роналдо на „Бернабеу“, но признава дека останува огромен фан на „прекрасниот“ Португалец.

По сите критики кои ги доживеа во Италија по уште една рана елиминација на Јувентус во Лигата на шампионите, се верува дека Јувентус се подготвени на „попуст“ да го продадат 36-годишниот ветеран, кој има уште една сезона од договорот со клубот од Торино.

„Сите знаеме кој е тој, што направил и колку љубов имаме за него. Тој направи историја со нас, тој е прекрасен. Сега е фудбалер на Јувентус и не можам да ви кажам ништо за тоа што медиумите го велат. Го почитувам тоа што е фудбалер на Јувентус“, вели Зидан.

Роналдо пристигна во Мадрид од Манчестер јунајтед во текот на летото 2009 година, и во девет години имаше 450 гола во 438 настапи, освојувајќи две титули од Ла лига и четири од Лигата на шампионите.

Scroll to Top