Top Sport

Зидан: Мбапе сонува да игра за Реал, со Бејл имам одличен однос

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, одново го потенцирал својот добар однос со Герет Бејл изјавувајќи дека се надевал дека Велшанецот ќе останел во клубот до крајот на сезоната.

Герет Бејл ќе биде во составот на Велс на претстојните квалификациски натпревари, иако еден месец не одиграл ниту една минута за Реал. Од клубот во ниту еден момент не објавија што се случува со крилниот напаѓач.

Велшанецот се повреди на мечот против Хрватска во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020.

Во меѓувреме медиумите излегоа со шпекулации дека во јануари Бејл ќе го напушти Реал и ќе се пресели во Кина.

Одговарајќи на новинарско прашање Зидан рекол дека Бејл се уште не бил подготвен, дека не тренирал со полн интензитет.

„Не знак каков е неговиот став кон репрезентацијата, за што разговарал со својот селектор. Ќе видиме што ќе се случи. Тој се повреди во националниот тим, откако се врати во Мадрид се уште не се рехабилитирал. Она што е јасно во врска со него е дека сакаме да остане со нас до крајот на сезоната“, рекол Зидан.

Тренерот на Реал проговорил и за својот талентиран сонародник Килијан Мбапе. За овој играч Реал не го кријат својот интерес.

„Мбапе самиот ќе реши што сака. Во овој момент тој е играч на ПСЖ, за останатото ќе видиме. Знам само дека рекол дека сон му е еден ден да игра за Реал“, рекол Зидан избгенувајќи конкретен одоговр.

Реал Мадрид утре ќе играат против Галатасарај во Лигата на шампионите.

Scroll to Top