Top Sport

Зидан му го удрил автомобилот, тој му побарал селфи

Игнасио Фернандес, жител на Мадрид, минатата сабота имал сообраќајна несреќа. Во неговиот автомобил удрил тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

„Кога видов дека човекот во другиот автомобил е Зидан му реков: Сакав да ви запознам во други околности, но и вака не е лошо“, им раскажал Игнасио на новинарите.

Бидејќи брзале да се тргнат од патот пред да дојдат новинарите Игнасио му го дал својот број на славниот тренер за да можатд а го средат формалностите со осиурувањето. Покрај тоа Здан брзал да стигне на тренингот на својот тим.

„Ми го побара бројот, очекувано јас неговиот број не го добив. Го прашав за селфи, луѓето немаше да ми веруваат дека Зидан с својот авотмобил удри во мојот. Тој љубезно го прифати тоа, ја извади капата и се фотографиравме. Се шегував му реков ако сака дека може да ги замениме автомобилите. Брзаше на тренинг, подоцна се јави, ми се извини за инцидентот“, раскажал Игнасио.

Scroll to Top