Top Sport

Зидан му порачал на Роналдо: Верувај ми и ќе имаш долга кариера

Францускиот весник „Л’Екип“ објавува дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го убедил Кристијано Роналдо да ги намали своите обврски и да ја чува енергијата за клучниот дел од сезоната.

Последнтие две сезони, Роналдо игра помалку за Реал Мадрид, и под Зидан ја прифати стратегијата да остане свеж во одлучувачките мечеви од последниот дел од сезоната, кога се брка титулата од Лигата на шампионите. Резултатите на оваа стратегија оваа сезона се јасни – Роналдо има 16 гола во 10 натпревари, од кои 10 се во пет натпревари од Лигата на шампиони.

Според „Л’Екип“, клучниот разговор бил пред сезоната 2016/17, откако Роналдо не успеа да се врати во топ-форма по повредата на коленото на Европското првенство во 2016 година, кога Португалија го крена трофејот.

При враќањето во Мадрид, Кристијано бил повикан на разговор очи во очи со Зидан и добил важен совет.

„Ако ме слушаш што ќе ти кажувам и имаш доверба во мене, тогаш ќе ја продолжиш кариерата за неколку години“, му кажал Зидан на Роналдо.

Засега, ветувањето е остварено. Минатата сезона, Кристијано одмараше во мечевите од Копа дел Реј и по некој натпревар од Ла лига и ја заврши сезоната фантастично за да помогне да се освои двојниот трофеј.

Оваа сезона, во која на Реал не им оди најдобро во лигата, Зидан повторно го „штеди“ бројот 7. Тој не играше во последниот меч против Лас Палмас, слично како во мечевите од Копа дел Реј. Резултатот е селден – тој има постигнато гол во секој натпревар во Лигата на шампионите и има 21 гол, постигнувајќи 10 во последните 11 натпревари.

Scroll to Top