Top Sport

Зидан на трибините ги испратил Бејл и Хамес

Фудбалерите на Реал Мадрид сезоната во Лигата на шампионите ја започнаа со убедливиот пораз во Париз, поради што победата против Клуб Бриж, вечерва во Мадрид, за нив е императив.

Тренерот на „кралскиот клуб“ Зинедин Зидан (не) ја изненади јавноста со изборот на фудбалерите на чии услуги ќе се потпре за овој натпревар.

Зизу на трибините ќе ги остави Герет Бејл и Хамес Родригез, а во ростерот покрај Лука Модриќ ќе се врати и Иско.

Ваквиот развој на настаните повторно го поттикна медиумите да шпекулираат со иднината на Бејл и Хамес во Мадрид.

Велшанецот и Колумбиецот во летниот преоден рок беа „видени“ вишок во Реал но повредите го натераа Зидан да ги задржи во тимот.

Инаку, за Бејл веќе се шпекулира дека во јануарскиот преоден рок ќе замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top